Најчесто поставувани прашања

  • Зошто да пополнувам пристапница?
    Пристапницата нам ни е важна, бидејќи само така можеме да ги ажурираме вашите лични податоци. Со потпишување на истата го потврдувате изборот на вашиот членски пакет и веродостојноста на внесените податоци.

  • Како да се одлучам за кое членство да го купам?
    АМСМ Ви овозможува избор помеѓу три членски пакета за физичка лица и два за правни лица. Повеќе информации можете да добиете на нашата страница http://www.amsm.mk/mk/chlenstvo01.asp

  • Што е член зачленува пријател?
    Член зачленува пријател во АМСМ е програма што овозможува нашите постојани членови да бидат наградени за тоа што веруваат во нас. Подароците можете да ги најдете на следниот линк http://www.amsm.mk/mk/zapis.asp?id=2059

  • Зошто морам да ви го дадам мојот ЕМБГ?
    Вашиот ЕМБГ е тоа што ве разликува од некој со исто име и презиме како вашето. Само со вашиот ЕМБГ можеме да ве препознаеме како наш член.

  • Како можам да се зачленам?
    Можете да се зачлените во АМСМ Центар, АМСМ Чаир и АМСМ Велес како и во сите АМД низ цела Македонија. Исто така можете да се зачлените преку нашата web страница на следниот линк http://www.amsm.mk/ePayClenstvo

  • Дали можам да го сменам мојот членски пакет?
    Членските пакети не можат да се менуваат ниту да се надоградуваат се до истекот на вашиот членски пакет. Исклучок правиме само во случај кога имате Classic членство и сакате да си купите Europe Premium членство.

  • Што е помош на пат?
    Помош на пат е услуга која се извршува со возило за интервенција на АМСМ во случај на неочекувани дефектни состојби на возилото за кое се бара интервенција. http://www.amsmspi.mk/mk/pomos_na_pat1.asp

  • Што е пренос на возило?
    Пренос на возило е услуга која се извршува со шлеп камион на АМСМ во ситуации кога возилото за кое се бара интервенција не е во можност да се движи на сопствен погон http://www.amsmspi.mk/mk/prenos_na_vozilo.asp#amsmbazi

  • Како можам да ги користам услугите од мојот членски пакет?
    Доколку сте постојан член во АМСМ, и немате прекин подолг од 30 дена во членството, тогаш сите услуги можете да ги користите веднаш. Доколку за прв пат се зачленувате во АМСМ, или имате прекин подолг од 30 дена во членството, тогаш бесплатните услуги за пренос на возило можете да ги користите по 7 дена од денот на зачленување.

  • Дали членството се однесува на моето возило или на мене?
    АМСМ членските пакети наменети за физички лица се врзуваат за лицето кое е член а не за неговото возило. Ова значи дека вие како член можете да ги користите услугите од вашиот членски пакет и кога возите и кога ве возат, со напомена дека возилото за кое барате интервенција, треба да биде уредно регистрирано на македонски таблички и да гласи на физичко лице.
    АМСМ исто така има и членски пакети наменети за правни лица, но тие се врзуваат исклучиво за возилото.

  • На кој број треба да се јавам за помош на пат или пренос на возило?
    Ако барате интервенција од Македонија, тогаш треба само да свртите на 196. Доколку барате интервенција од Европа, тогаш вртите на +38923181196